logo
logo
logo

(Видео) Зошто беше ПРЕКИНАТА ОБЈАВАТА НА ИНТЕРВЈУТО на Александар Николоски?!

Vecer | 14.05.2021

(Видео) Зошто беше ПРЕКИНАТА ОБЈАВАТА НА ИНТЕРВЈУТО на Александар Николоски?!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва гостуваше во емисијата Клик плус на ТВ21.

На овој линк е интервјуто на ТВ 21 кое заради технички проблеми беше прекинато. Жестоко интервју, гледајте!, напиша Николоски на својот фејсбук профил.

Имено, емисијата Клик Плус на Телевизија 21 запре со емитување на програмата на сите оператори и на лајф стримот на Фејсбук додека во телевизијата гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“.

Програмата прекина откако Николоски зборуваше дека Македонија влегува во рецесија и дека поскапувњата ќе ја зголемат инфлацијата на 3% годинава, но и откри зошто Македонија и годинава нема да добие датум за преговори со Европската Унија.

Телевизија 21 подоцна интевјуто со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го емитуваше од почеток и во целост.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0GRmy9GMa5Q[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk