logo
logo
logo

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Vecer | 17.06.2021

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени се три лица.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Am4lw3HwStk[/embed]

Од МВР соопштија дека во текот на месец мај во околината на Виена, откриени се три големи нелегални лаборатории за производство на дрога.

„Станува збор за лаборатории опремени со софистицирана опрема, а лоцирани во подрумски простории на три станбени објекти, при што се запленети над 2.000 стебла марихуана. Во акцијата лишени од слобода се три лица кои директно учествувале во одгледувањето и понатамошната продажба на наркотичната дрога, а се дел од поголема меѓународна организирана криминална група, која дејствува во повеќе држави во Европа“, изјави Сузана Прањиќ – Талевска, портпаролка на МВР.

Запленетата дрога претставува посебна хибридна сорта канабис, со висок процент на ТХЦ (психоактивна супстанца), со улично име „aмнезија“, која на нелегалниот нарко пазар во западноевропските држави достигнува цена и до 10.000 евра за еден килограм.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk