logo
logo
logo

(Видео) Заев: Силва и Вархеји дојдоа со предлог кој не навлегува во нашите идентитетски прашања

Vecer | 21.05.2021

(Видео) Заев: Силва и Вархеји дојдоа со предлог кој не навлегува во нашите идентитетски прашања


На средбата во Клубот на пратеници португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји, пред премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и министерот Османи ги презентираа предлог решенијата за надминување на проблемот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кои имаат за цел да гo деблокираат отворањето на преговорите на земјата со ЕУ, со одржување на првата меѓувладина конференција.

Веднаш после состанокот, премиерот Заев даде изјава во која кажа дека тимот во Владата задолжен за овие преговори, сериозно и одговорно ќе ги разгледа сите детали од предложеното решение.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=qyB0ECcPhIY[/embed]

„За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања, со што нашата круцијална позиција е задоволена, а силно сме убедени дека предлогот е добра основа и за круцијалните позиции на Бугарија“, кажа Заев иразувајќи увереност дека ова е вистинскиот момент да одиме чекор понатаму.

„Се надевам дека со ист таков пристап ќе се сретнеме со Софија за доброто на двата народа и за заедничката иднина на двете земји како соседи и пријатели, како членки на НАТО и како идни партнери и членки на ЕУ“, нагласи македонскиот премиер.

Инаку, бугарските медиуми денеска веќе пишуваа за предлогот на португалското претседателство.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=wf-1HZyp7Io[/embed]

Агенцијата БГНЕС, која имала увид во документот, објави дека со предлогот се предвидува С. Македонија да прифати дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година.

Меѓутоа, агенцијата потсетува дека ваквиот предлог не ги задоволува во целост бугарските позиции бидејќи според официјална Софија проблемот не е во датумот на кодификација, туку во потеклото на јазикот, а тој клучен момент го нема во предложениот документ, пишува во анализата на БГНЕС.

Понатаму се додава и дека властите во Скопје треба да изготват акциски план, односно патоказ преку кој низ Процесот за стабилизација и асоцијација ќе се следи спроведувањето на Договорот за добрососедство.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk