logo
logo
logo

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава за тендерот за противпожарната скала на Град Скопје

Vecer | 10.05.2021

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава за тендерот за противпожарната скала на Град Скопје


Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов, денеска ќе поднесеме кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластувањето, несовесно работење во службата и корупција и судир на интереси, изјави Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cznkE1AX5O4[/embed]

„Ќе поднесеме пријава сѐ со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими-шема скандал што го објавивме. Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Град Скопје, успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала“, рече тој.

Се надеваме, додаде Нелоски, дека, конечно, Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги објави и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk