(Видео) Судењето за „Монструм“ одложено за 14 март

Обвинителот Наум Пановски од „Диво Насеље“ го читаше од почеток обвинението за  „Монструм“. На судењето беа присутни сите обвинети, освен двајцата што не ѝ се достапни на полицијата. Пановски рече дека остануваат на обвинението, односно дека обвинетите извршиле кривично дело тероризам предизвикувајќи чувство на страв и несигурност. На двајцата обвинети, кои се во бегство, ќе им се суди во отсуство.

Судењето за „Монструм“ е одложено за 14 март затоа што Обвинителството технички не ги споило двете обвиненија за обвинетиот Сами Љута. Второто обвинение било поднесено дополнително во текот на постапката.

Судењето за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, во кое беа убиени 4 момчиња и 1 рибар, почнува од почеток кога Врховниот суд ги укина пресудите затоа што утврди серија пропусти во водењето на постапката.

Највисокиот суд потоа ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1. Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се во Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

В.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари