Во тензична атмосфера започна седницата на Комисијата за политички систем во Собранието, каде може да се види на видеото кое го снимиле опозициски пратеници.

Според снимката опозициските пратеници се собираат околу говорницата во салата „Борис Трајковски“, додека пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов зборува за непочитување на процедурите при утврдувањето на дневниот ред за денешната седница.