(Видео) Спасовски: Негативните политички влијанија не ги одминаа ниту „Тигрите“

За жал, трендот на негативни политички влијаниа и тенденциозно дејствување не ја одмина ниту единицата „Тигри“. Секој разумен политичар, одговорен за иднината на својата земја, знае дека дејствувањето на оваа единица не смее да биде политички мотивирано и насочувано. Се сеќавате на настаните минатата година, кога иако животот на граѓаните и безбедноста на државата беа сериозно загрозени, „Тигрите“ беа спречени да одговорат на своите должности и обврски, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на свеченоста во касарната Илинден во Скопје, со која беа одбележани 37 години од формирањето на Единицата за специјални задачи.

Тој истакна дека никој не смее со своето политичко дејствување да нанесува штета на угледот на овие професионалци.

„Затоа, колку ја почитуваме сопствената држава и колку сме национални свесни покажува односот кон овие припадници, но и кон сите припадници на полицијата. Девет години без нови униформи, со ограничени ресурси за работа, во непристојни услови за работа, зарем ова е националната одговорност кон припадниците кои се дел од безбедносниот систем на државата? За да имаме сигурни граѓани, мора да имаме мотивирана полиција. Мотивирана преку создавање и одржување на пристојни услови за работа, опремени со модерна опрема, функционална и ефикасна која ќе им овозможи брзо и ефикасно дејствување. Опрема и инструменти кои ќе им го заштитат животот, а тие ќе ја заштитат државата“, рече Спасовски.

Тој во исто време во говорот рече дека и оваа единица нè прави горди и истовремено прават да се чувствуваме безбедни.

„Секогаш подготвени за ефикасно и брзо соочување со опасностите, припадниците на Единицата за специјални задачи нè прават горди, но истовремено прават да се чувствуваме безбедни и сигурни. Борбата против сите облици на криминал, а особено борбата против тероризмот бараат добро подготвен и функционален систем на национална безбедност. Тигрите се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита. Подготвени да дејствуваат во непредвидени ситуации, со исклучително висок ризик по сопствениот живот, најчесто во животно загрозувачки ситуации овие припадници дејствуваат единствено под командата за заштита и чување на државата и граѓаните“, рече министерот Спасовски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари