logo
logo
logo

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Vecer | 10.04.2021

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над 800 илјади евра.

Од МВР сооштија дека е поднесена е кривична пријава против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничените, меѓу кои има и полициски службеник, биле затекнати со марихуана со вкупна тежина од 199, 444 килограми.

„На почетокот на овој месец првоосомничениот струмичанец (34), откако пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога марихуана, договорил неовластена набавка на дрогата со второосомничениот скопјанец (45) кој дрогата ја држел на засега неутврдена локација. Тој ги ангажирал останатите осомничени и тоа 36 годишниот битолчанец неовластено ја пренесе дрогата од неутврдената локација до паркинг простор во с.Радобил, прилепско, а останатите осомничени – 24 годишен скопјанец, 46 годишен прилепчанец и 24 годишен кумановец со возила што тие ги управувале да го придружуваат движењето на возилото со кое се вршело пренесување на наркотичната дрога – марихуана“, велат од Обвинителството.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=F0-NPuA39Jg[/embed]

Купопродажбата била договорена со непознато лице од Грција и требало да се реализира во текот на вчерашниот ден на паркинг просторот во селото Радобил. Првоосомничениот откако со второ осомничениот ги договориле деталите на примопредавањето на дрогата и улогите на останатите осомничени се упатил кон Гевгелија. Наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии била префрлена од ТМВ марка Ивеко со македонски национални регистарски ознаки во ТМВ комбе Цитроен Џампер со грчки национални регистарски ознаки, а осомничените се упатиле во различни правци. Осомничениот кој го управувал ТМВ марка Ивеко се упатил кон Прилеп, додека останатите осомничени со три патнички моторни возила и ТМВ во кое била дрогата движејќи се во колона еден зад друг се упатиле на магистралниот пат Прилеп-Градско во правец кон Градско. Кога пристигнале на клучката за с.Раец биле запрени од страна на полициски службеници на МВР и по извршениот претрес, лишени од слобода. Во исто време во Прилеп е лишен од слобода осомничениот што го управувал ТМВ марка Ивеко, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил лишен и првоосомничениот – организатор на криминалната група.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=63egjxFKLdA[/embed]

При претресот кај А.У. во стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, а при претрес извршен во стан во Битола, кај него се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели.

По наредба на судија во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои соработувал А.У..

При претрес кај М.З. во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени и при претрес кај К.С. во Прилеп, кој е полициски службеник.

При претресот кај Д.Ј. од Струмица пронајдени и одземени се мобилни телефони и сим картички, парични средства, а при негов личен претрес е пронајдена марихуана. Претрес бил извршен и кај М.С. во Битола, при што биле пронајдени парични средства и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат.

Сите шест лица се приведени и денеска ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, а продолжува интензивна истрага со цел идентификување на други инволвирани лица во неовластена набавка, држење, пренесување и продажба на наркотична дрога.

Истрагата на македонската полиција била спроведена со  поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА и траела повеќе месеци.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk