logo
logo
logo

(Видео) Првите здравствени работници во Македонија примија вакцина против коронавирус

Vecer | 17.02.2021

(Видео) Првите здравствени работници во Македонија примија вакцина против коронавирус


Во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почна вакцинацијата против коронавирус. Денеска е предвидено да бидат вакцинирани 260 здравствени работници.

Како што претходно најави Министерството за здравство,  прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал што работи на Инфективната клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница, каде што има шест вакцинални позиции, ќе работи во две смени, од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствниот дом Скопје.

Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

На секој здравствен работник што ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Викендов во нашата земја о Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“. Со оваа пратка вакцини имунизацијата ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk