(Видео) „Правда за Груевски“ достави барање до Иванов: Да се стави крај на политичкиот прогон

Иницијативата „Правда за Никола Груевски“ достави барање до претседателот Ѓорге Иванов за прекин на, како што велат, прогонот кон експремиерот Никола Груевски.

„Како што кажав пред судот на протестот, дојдов во кабинетот на Иванов каде што во име на иницијативата ‘Правда за Никола Груевски’ ќе доставам писмо за политичкиот прогон. Упатуваме барање до Иванов согласно Уставот политичкиот прогон во Македонија да биде прекинат. Да се стави крај на целиот политички прогон“, рече Александар Трајковски.

Тој рече дека СЈО е противуставно. „Сите докази се незаконски стекнати материјали“, рече Трајковски одговарајќи на прашањето за кои случаи бараат од Иванов да го запре прогонот.

„Дивеењето во Скопје, уништување на државен имеот, палење на канцеларијата на Иванов, нема ниту една пресуда на едно дело.Чекаме да видиме Иванов како ќе се изјасни”, додаде Трајковски запрашан што очекуваат како ќе постапи Иванов.

Тој најави дека протестите ќе продолжат, но не дефинира кога.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари