logo
logo
logo

ВИДЕО: Потресно сведоштво на тетовката на која и ги отстранија градите поради погрешна дијагноза за рак

Vecer | 22.03.2023

ВИДЕО: Потресно сведоштво на тетовката на која и ги отстранија градите поради погрешна дијагноза за рак

Со треперлив глас и видна вознемиреност во гестовите, со речиси слабод подвижна десна рака пациентката С.С. од Тетово во редакцијата на „Слободен печат“ ја раскажа својата голгота која трае пет години, откако погрешно ѝ бил дијагностициран карцином на десната дојка, поради што со операција отстранети ѝ биле двете гради и сега по судски пат се обидува да бара правда за нанесената телесна и психичка траума.

Во нејзината изјава таа зборува за траумата, шокот, неверицата, измешаните емоции но и за последиците од оваа хируршка интервенција и настаните кои воделе до неа, а кои се манифестирале негативно и врз нејзиното физичко, но и врз менталното здравје.

– Доаѓаа пријатели дома, да ме утешат, а јас не знаев како да им кажам, луѓе, по грешка сум оперирана немам карцином!, вели С.С.

За предметот Лекарската комора изврши стручен надзор, но извештајот на С.С. не ѝ го даваат со образложение дека има обвинителски предмет и наодите од стручниот надзор ја упатуваат да си ги бара од Обвинителството.

Видеото можете да го погледнете тука.

Фото: Слободен печат

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk