logo
logo
logo

(Видео) Петрушевски: Како со обична плата до патувања од илјадници евра, Рашковски и Николовски да поднесат оставки

Vecer | 18.03.2021

(Видео) Петрушевски: Како со обична плата до патувања од илјадници евра, Рашковски и Николовски да поднесат оставки


Дали Љупчо Путерот трошел по 1 илјада евра дневно во Дубаи, а Рашкоски по 1350 евра дневно во Мексико, како со обична плата до патувања од илјадници евра? Како со службеничка плата до милионски одмор треба да одговорат Љупчо Николовски и Драги Рашковски?, на прес-конференција праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој нагласи дека платите на Николовски и Рашковски се околу 60.000 денари, односно 1.000 евра.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=XYk7iwWCy2A[/embed]

„ Доколку се истражи, одмор во Дубаи за 3 дена чини околу 3000 евра за двајца со авионски билети. По оваа аналогија би значело дека Николовски Путерот трошел 1.000 евра на ден. Тој хипотетички за еден ден ја потрошил цела своја месечна плата, а за три дена три месечни плати. И тоа под услов Николовски да не трошел пари на други работи.

Се поставува прашањето колку пари има Николовски па да може да одвои 3.000 евра за три дена шетање, или илјада евра дневно?! Ако оваа нашата претпоставка не е точна тогаш го повикуваме јавно да ги објави трошоците за ова патување.

Уште поголема дилема во јавноста фрла луксузниот одмор на Драги Рашковски во Мексико. Одмор во Мексико за 15 дена, според цените кои може да се проверат со мало истражување чини 20.000 евра, со вкалкулиран хотел и авионски превоз. Платата на Рашковски би требало да е околу 60.000 денари, односно 1.000 евра, па така за одмор од 20.000 евра, Рашковски ќе треба да работи 2 години, без да јаде нешто во тие 2 години, туку само да штеди за одмор. И тоа само за 15 дена луксузирање, за време на кои ќе троши по 1.350 евра на ден“ изјави Петрушевски.

Тој праша колку пари треба навистина да поседува Рашковски за да си дозволи одмор од 20.000 евра?! Дали Рашковски има други приходи кои не ги пријавил во неговиот Анкетен лист и со тоа ги прекршил и законите, додаде Петрушевски.

„ Јавноста е особено заинтересирана од каде му пари за толку луксузен одмор на Рашковски, особено ако се земе предвид дека неговото име се вртеше во неколку афери со милионски криминали, како „Леонардо“ , „Сар Хемс“ и „Шик Јелак““ наведе тој.

Петрушевски рече дека ја повикуваат ДКСК да ги испита случаите околу луксузните одмори на Николовски и Рашковски, но и надлежните органи како УФП и ЈО, од чии пари се платени одморите, и како се заработени тие пари.

Тој ги повика Рашковски и Љупчо Николовски да поднесат неотповиклива оставка, пред се како чин на морална одговорност.

„ Одмор од над 20 илјади евра не се евтини одмори. Не може врвот на власта да плива во раскош, додека народ нема леб да јаде. Одговорност ќе има“ заклучи Петрушевски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk