(Видео) Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Оддавајќи им должна почит на сите наши загинати припадници на безбедносните сили на Република Македонија, но и на нивните најблиски, чијашто загуба ниту ќе може, ниту ќе се успее кога било да се надомести, ние истовремено оставаме и една силна порака – дека никогаш и заради ништо не смееме да заборавиме кому и што му должиме, рече министерот Оливер Спасовски на отворањето на меморијалниот спортски турнир „Херои на Македонија“ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

,,Традицијата e вредност длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност што нè зближува едни со други, којашто ја дава онаа важна нитка на благородна почит и којашто им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален спортски турнир ‘Херои на Македонија’ ја има токму таквата возвишена цел: повторно да нè собере, и сите заедно да си припомниме за луѓето што некогаш беа со нас, се радуваа и тагуваа со нас, и што храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината – нашите другари, соборци и колеги”, рече Спасовски.

Овој меморијален турнир во мал фудбал традиционално се одржува по единаесетти пат во Скопје.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари