logo
logo
logo

(Видео) Нелоски: Шилегов платил над 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала

Vecer | 04.05.2021

(Видео) Нелоски: Шилегов платил над 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала


Петре Шилегов со народни пари платил 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала на фирма од Будимпешта, во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје, реагираше денеска Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов плаќа, а зетот на неговиот најблизок соработник става во џеб. Шилегов е фатен со рацете во медот. Ова е договорот помеѓу Град Скопје и фирмата „Хороскоп КФТ“ од Будимпешта, вреден 1.723.621 евра. Противпожарното возило со скала произведено од истиот производител како тоа купено од Град Скопје, истото возило Град Загреб го платил по повеќе од двојно пониска цена, односно 794.052 евра плус ДДВ“, реагираше Нелоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=E9s-EotCbjY[/embed]

Нелоски запраша, како е возможно исто противпожарно возило со скала во Скопје да чини повеќе од двојно од тоа во Загреб?

„Дали скоро милион евра разлика завршила во нечиј џеб и во каква поврзаност има Петре Шилегов со тоа? Со 1.723.621 евра колку што чини набавката за противпожарното возило со скала купено од Шилегов во Загреб ќе купеле две такви возила. Фирмата која би го набавила сигурно би остварила профит, но немало да постои разликата во цени од скоро еден милион евра“, вели Нелоски.

Тој смета дека се залудни обидите на Шилегов да се правда дека возилото кое тој го набавил има дополнителна опрема и затоа е поскапо.

„Возилото кое Шилегов го набавил е платено двојно повеќе од тоа во Загреб. Ова е срамота, ова е аздисаност за жал на сметка на скопјани. Петре Шилегов мора веднаш да одговори зошто платил повеќе од двојно за набавка на противпожарно возило со скала, и практично од парите на скопјани се ставени скоро еден милион евра во нечиј џеб?! ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за набавката на противпожарното возило со скала, и да се истражи каде завршиле скоро еден милион евра разлика во цена, истакна Нелоски.
Претходно денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов побара од Државната комисија за спречување на корупцијата да ги испита наводните сомнежи за постоење корупција и судир на интереси во набавката на специјализираното возило.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk