logo
logo
logo

(Видео) Нелоски: Како Шилегов со чиновничка плата успеал да стигне до четири стана, две куќи, злато?

Vecer | 21.10.2021

(Видео) Нелоски: Како Шилегов со чиновничка плата успеал да стигне до четири стана, две куќи, злато?

Шилегов сака да зборува за неговата имотна состојба. Тогаш ајде да зборуваме јавно, рече на денешната прес конференција, Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов како градоначалник на градот Скопје пријавил дека поседува: Стан од 68 квадрати во Скопје, втор стан од 64 квадрати исто така во Скопје, потоа трет стан од 72 квадрати исто во Скопје, четврт стан од 87 метри квадратни исто така во Скопје. Една куќа во Тафталиџе од 306 квадратни метри во која што деновиве гледаме дека се прави и лифт, втора куќа во Маврово од околу 300 квадрати, 8 милиони денари златен накит, 3 милиони денари уметнички слики, Ххртии од вредности“, посочи Нелоски.

Главното прашање како што рече е како Петре Шилегов со чиновничка плата успеал да стигне до четири стана, две куќи, злато и уметнички слики вредни неколку стотици илјади евра.

„Како Петре Шилегов како градоначалник успеа да гради зграда среде Скопје дивоградба и со се разбира неоткупено дворно место? Како Шилегов има вилает од 300 квадратни метри на два ката, во Маврово додека е градоначалник на Скопје? Потоа како успеа да купи коли од марката ауди и да не ги пријави во имотниот лист? Ова се прашањата кои даваат одговор на дилемата колку Петре Шилегов е чесен“, истакна Нелоски.

Го повика јавно да каже кои се компаниите кои во овој момент му ја градат зградата во Скопје, и јавно да објави документ дека тој лично им платил?

„На само два дена пред изборите Шилегов склучил договор во четири очи со 3 кафеани за услуги од над 30 илјади евра. На Шилегов сите знаеме дека приоритет му се кафеаните, наместо Скопје. Објаснувањето на Шилегов дека тоа преставувало континуитет во неговото работење е нешто за кое што единствено не излажа. Ние се согласуваме со тоа. Шилегов од кафеана не е излезен, за тоа за жал го плаќаат граѓаните, додека градоначалник на градот Скопје е кој што назадува“, истакна Нелоски.

Според него, Шилегов, треба да одговори на каков начин стигнал со чиновничка плата до 4 стана, 2 куќи, и злато и слики вредни неколку стотици илјади евра?

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk