logo
logo
logo

(ВИДЕО) МВР заплени дрога вредна 200.000 евра: Пресечен е канал за шверц на дрога во Балканот 

Vecer | 19.05.2021

(ВИДЕО) МВР заплени дрога вредна 200.000 евра: Пресечен е канал за шверц на дрога во Балканот 

Наркотикот го пренесувале тројца државјани на Албанија.

Вчера се уапсени К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија, со што беше пресечен меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Република Албанија, низ Република Северна Македонија, а наменета за Република Грција, како крајна дестинација.

Притоа, во рамки на засилените мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога, во текот на вчерашниот ден беше запленета марихуана во количина од вкупно 65 килограми, со вредност од околу 200.000 евра.

Имено, вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес”, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=qmBfmcP_ans&feature=emb_title[/embed]

Албанските државјани се приведени, а по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, дрогата е предадена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за вкупно 65 килограми марихуана, а против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по член 215 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk