logo
logo
logo

(ВИДЕО) Многу зборови и фалби, а малку дела: Со Ковачевски изградени само 13км нов пат

Vecer | 28.01.2023

(ВИДЕО) Многу зборови и фалби, а малку дела: Со Ковачевски изградени само 13км нов пат

Според видеото кое го сподели Премиерот Димитар Ковачевски, Македонија има речиси совршена патна мрежа . Но , суштината е дека на листата за 1300 километри патишта Премиерот ги ставил рехабилитации на патишта, незавршени и непуштени во употреба. Во време на мандатот на Ковачевски, нов е само експресниот пат Крупиште – Кочани во должина од 13, 7 километри, кој лично сам го тестираше, известува ТВ Алфа. „Од 1300 километри автопат, сликата на патната мрежа во Македонија е дупки, нерамнини и надежи за реализација на најавени проекти...“ Во видеото од Премиерот како завршени од Владата на СДСМ и ДУИ ги промовираше патниот правец Градско – Плетвар во должина од 19 километри, Обиколницата на Куманово и она што е најинтересно автопатот Охрид – Кичево кој се гради речиси една деценија и ги проби сите рокови. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Ковачевски започна да ги набројува 1300-те километри автопат. По одговорот на Премиерот можевме да забележиме дека во патната мрежа најмногу се вклучени рехабилитации, а и автопати кои не се ни пуштени во употреба како изградбата на патот за Сончев град, за што се потрошија околу 7 милиони евра за сечење на дел од шумата на Водно. https://www.youtube.com/watch?v=oqROTT3O7Xg&t=195s Власта постојано се фали дека годината ја завршиле со рекордно ниво на реализација на капитални инвестиции , иако од предвидените 600 милиони евра едвај се рализираа 465 милиони . Дека Македонија е слепо црево на балканот по патна инфраструктура се гледа буквално на секоја точка . Пример е автопатот Скопје – Блаце преку кој до Приштина ќе се стигнува за 45 минути, ама прашањето е кога ? „Од Автопатот од Скопје кон Косово е завршено само промотивното видено . Веќе трета година се гради првата ,полесна делница од 2 километри“. Во видеото од Ковачевски , како завршен се набројува и Градско – Плетвар Експресниот пат Градско – Прилеп веќе влезе во осма година на изведба , првиот рок за пуштање во употреба беше во 2022 , но беше пробиен. Она што е завршено е рехабилитацијата на патот од Фариш до Прилеп преку Плетвар што е само трета фаза од проектот . Премиерот на листа ја стави и делницата Демир Капија – Смоквица, која точно е дека Владата на СДСМ ја пушти во употреба, ама ја изгради претходната власт. .Тоа не беше пречка владините функционери заедно со партиски членови , со блех музика оро и чочек да ја пуштат во употреба делницата од 28 километри. Најдолг пат кој е на листата од Ковачевски е автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип во должина од 47 километри и кој во употреба го поранешниот премиер Зоран Заев од редовите на СДСМ. Најмалиот е 300 метри Хотел Гранит – Пумпна станица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk