logo
logo
logo

(ВИДЕО) Мицкоски: Го најавуваме проектот „Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина“- граѓаните ќе може да пријават злоупотреба на нивното право

Vecer | 01.12.2021

(ВИДЕО) Мицкоски: Го најавуваме проектот „Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина“- граѓаните ќе може да пријават злоупотреба на нивното право

Благодарам, најпрвин ете што сте и денеска со нас, благодарност и до битолчани што денеска овозможија да се случи оваа средба со регионалната Стопанска комора овдека во Битола. Уште во предизборието имавме такви неколку состаноци, разговаравме за тоа кои се нивните објективни проблеми, кои се нивните субјективни проблеми. И уште тогаш кога зборувавме со луѓето од бизнис заедницата рековме дека кога ќе имаме можност ќе сториме се што е во рамките на законите, се што е во рамките на процедурите, тоа што било заглавено, тоа што било закочено поради објективни но и субјективни причини да биде истото одглавено и откочено за да може да се развива и за да може Битола да се развива, а со тоа да се развива и целиот регион. Бидејќи Битола нели е носител не само економската туку и демографската активност во овој регион, порача од Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -За мене секогаш претставува чест и задоволство кога сум тука, градоначалникот на општина Битола, пратеничката, советникот и останатите присутни кои што беа денеска со нас сведочеа дека ваков состанок можеби и првпат после една деценија се случува овдека во Битола, каде што можеме отворено да разговараме за проблемите и потребите на бизнис заедницата. И на мое лично задоволство неколку од тие проблеми веќе на самиот состанок беа би рекол решени и беа закажани состаноци во текот на следната недела. Забелешките беа дека претходната администрација на Општината била целосно затворена не само за граѓаните туку и за бизнис заедницата, нешто сакаме ние да го промениме и што беше едно од основните наши би рекол заложби за време на кампањата. И повеќе добив информација од 7.000 предмети во постапка на легализација биле закочени, а она што можевме да слушнеме е дека во периодот од следниве две недели повеќе од 1.000 веќе ќе бидат завршени и граѓаните и правните лица ќе го добијат тоа што им следува. Така што очекувам динамичен развој на Битола и да го врати сјајот кој го заслужува, сјајот на конзулски град, тоа што и е. Ја користам и оваа прилика во Битола да најавам еден нов проект кој ќе го побарам од партиските органи, но и од луѓето коишто се мои соработници, а тоа е проектот „Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина“ којшто е дел од столбот на неприкосновена борба со криминалот и корупцијата. Ќе работи тим кој ќе го сочинуваат професионалци и експерти, луѓе и од партијата, но од граѓанскиот сектор, каде што граѓаните ќе можат отворено да пријават доколку постои било каква злоупотреба на нивното право од страна на општинската администрација во оние општини во кои се разбира ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во советот и градоначалник. Но, истовремено ќе пријават свое задоволство и незадоволство и ќе ја следат реализацијата на програмата со којашто излеговме на овие локални избори за да можеме и ние како раководство и јас лично да го следиме она што сме го ветувале за време на кампањата. Затоа што не е само да ветите, туку и тоа што ќе го ветите треба да го испорачате, а тоа што го испорачувате треба да го испорачате чесно и достоинствено, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас. Преку глава им е од батиња, татиња и слични злоупотреби кои се случуваа изминативе 4 па и повеќе години. Затоа ја користам оваа прилика да го соопштам овој проект овде пред битолската јавност, бидејќи за мене тоа значи многу, отворање на еден нов лист во начинот на функционирање на општинската администрација но и понатаму очекувам тоа да го пресликаме и во централната администрација, затоа што само на тој начин ние можеме да бидеме поуспешни доколку граѓаните бидат нашиот мотив, а правото и правдата бидат наша обврска во работењето, истакна Мицкоски.
Тоа го кажав и овде во Битола пред бизнис заедницата тоа ќе го повторам и пред вас. Настрана од сите шпекулации, сите зли јазици, сите злонамерни коментари. Ниту оваа администрација, ниту било кој од нас има концесија кон било кого, единствената концесија е кон битолчани и кон народот на Македонија и така и ќе работиме. Било која злоупотреба од било кого кој се повикува на некакви моќници и центар на моќ е лична и јас ќе бидам тој кој ќе биде првиот борец против таквите ликови кои ќе злоупотребуваат такви самонаметнати и самопрогласени центри на моќ, додаде тој.
https://www.youtube.com/watch?v=be9Ml5A668Y

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk