logo
logo
logo

(Видео) Митрески: СДСМ е за воведување на фингерпринт

Vecer | 09.03.2021

(Видео) Митрески: СДСМ е за воведување на фингерпринт

СДСМ е за фингерпринт на локалните избори и не е против како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески во одговор на новинарски прашања.

Тој рече дека секогаш кога станува збор за измени на Изборниот законик тогаш мора да се обезбеди консензус како и сите политички чинители треба да се согласат за измени во Изборниот Законик,

„Оние дилеми кој што се јавуваат кај другите политички чинители се поврзани со тоа што може или треба да се направат измени во Законот за да се префрлат базите на податоци од МВР и се поставува дилемата што ако во случај во текот на денот на гласање се случи некаков дефект, паѓање на мрежа и слично, дали треба да биде прекинато гласањето или треба да има и други опции, како би гласале граѓаните. СДСМ и коалицијата што ја предводи во Собранието се за воведување фингерпринт, но од друга гледна точка, лагите на ВМРО-ДПМНЕ мислам дека се само барање алиби за изборниот пораз којшто ќе се случи на локалните избори и мислам дека е уште рано да зборуваат за тоа односно да не плачат уште сега за тоа што ќе се случи“ посочи Митрески.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=XDOJMhTR0IM[/embed]

Во однос на работата на Собранието, координаторот Митрески посочи дека опозицијата и натаму продолжува да ја блокира работата на Собранието и дека со претседателот Џафери на редовни и вонредни координации ќе се наоѓаат решенија за натамошното функционирање на Парламентот.

„Опозицијата прво ги блокираше измените на Деловникот за да може пратеници кои се позитивни или се во изолација да работат од далечина, а кога имаме такви случаи во мнозинството, тогаш не доаѓаат, за да не се изгласаат законите. Во однос на работата на опозицијата од албанскиот политички блок, станува збор за невидена контрадикторност. Значи тие што се во коалиција, тие кои најавуваа ново парламентарно мнозинство, едни на други, како што е Законот за државјанство, ама на крајот блокирано е Собранието. Денеска стигнаа најави за блокирани на Законот за прекршоци со 2.000 амандмани. Станува збор за блокирање на закон каде што ги зголемуваме казните на сите кои наштетуваат на животната средина. И наместо во таа борба да влеземе посилно, ние имаме блокада од страна на албанската опозиција. Ова очигледно е блокада на Собранието и во следниот период со претседателот Џафери треба да разговараме за тоа како ќе излеземе од оваа ситуација, заклучи Митрески.

Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk