Денеска пратениците од парламентарното мнозинство кои се позитивни на коронавирус, со сета заштитна опрема и според протоколите на Комисијата за заразни болести се тука со нас за да обезбедиме кворум и потребно мнозинство за Собранието да работи фунцкионално и ефикасно, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„ Нема да дозволиме уцени, наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо. Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денес владеачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните. Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните, на голема жалост за опозицијата“ рече Митрески.

Тој нагласи дека помошта ја обезбедиле, сега и ќе ја испорачаат.

„ На денешната седница ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа. Граѓаните, компаниите, ниту час повеќе не смеат да останат без помошта што им следува“ истакна Митрески.

makfax.com.mk