logo
logo
logo

(Видео) Митрески: Дали деструктивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ е поради незадоволството од раководството

Vecer | 11.03.2021

(Видео) Митрески: Дали деструктивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ е поради незадоволството од раководството


Наместо конструктивност, дебата и идеи, јавноста од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гледа само блокади, деструкции и злоупотреба на собранието, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокираат важни законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието е против нов Клинички центар, против нов еколошки јавен превоз во Скопје, против зголемена енергетска ефикасност на јавни објекти, болници, училишта и градинки, против поддршка за земјоделците“, истакна Митрески.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=mZzjs_hILuE[/embed]

Според него, како власт ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за парите да се трошат на барок, на палми, споменици и стиропор, а денес оваа партија како што рече, како опозиција се противи да им помогне на илјадници работници во погодените сектори да земат плата.

„За ВМРО-ДПМНЕ не беше проблем да се потрошат милиони евра народни пари за мермер што не е мермер, за договорени тендери, но денеска им е проблем што парите завршуваат кај граѓаните, што се користат за инвестиции во екологијата, во образованието, во здравството. Дали мотивите за ваквиот однос е тоа што одредени пратеници не се задоволни од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е нивна работа, но граѓаните ги препознаваат и ценат таквите деструктивни постапки“, потенцира Митрески.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk