logo
logo
logo

(Видео) Митева: Царовска, падот на оваа влада треба да почне од вас

Vecer | 25.05.2021

(Видео) Митева: Царовска, падот на оваа влада треба да почне од вас


Предлог реформите во образованието направени по диктат на Царовска претставуваат грубо уназадување на образовниот процес. Колку и да се обидуваат да ги наметнат реформите, сепак револтот кај најзасегнатите е уште поголем, потенцира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Царовска додека се поклонува пред сесловенските просветители треба да биде свесна дека тоа во најмала рака изгледа недостојно и лицемерно. Од една страна упорно го турка спроведувањето на наставна програма во која ќе се укинуваат содржини, а од друга страна тоа го нарекува напредок во образовниот процес“, рече Митева.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=qB5FtiP9ztk[/embed]

Според Митева експертската фела реагира на ваквата содржина, особено како што напомена, во овој сензитивен момент во кој што се наоѓа Македонија од аспект на наметнување на промена на содржините во согласност со политичките договори.

„И оттука станува јасно дека не се работи за реформа во образованието туку за политички интереси. Ваквите квази реформи се однапред осудени на пропаст. Наметнати и вештачки создадени реформи никогаш нема да дадат позитивен резултат. Министерке Царовска, падот на оваа влада треба почне од вас. Најмалку што можете да направите после понижувањата е да поднесете оставка, веднаш“, истакна Митева.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk