(Видео) Мирческа: Животот на три девојчиња се претвори во трагедија во Домот „25 Мај“

„Уште колку случаи на негрижа се кријат од МТСП и што треба да се случи за да се понесе одговорност? Нови два случаи на бремени малолетни девојчиња во Домот за деца „25 Мај“ ја шокираа македонската јавност. По монструозната случка за силувањето на 13-годишно девојче кое забременило во Домот за деца ова е втор и трет скандал кој ја згрози јавноста.Државните институции, кои треба да се грижат за правилниот раст и развој на згрижените деца се претвораат во место за измачување и терор“, изјави Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, државната грижа целосно затаила. „Неодговорноста на МТСП и Цароска го трауматизираше животот на дечињата во Домот за деца „25 Мај“. Мила Цароска не смее да бега и да се затскрива зад партиски реакции и соопштенија. Мила Царовска е директно одговорна за сите пропусти и недоследности на институциите под раководство на МТСП. Животот за трите девојчиња се претвори во трагедија. Последиците по нивното психичко здравје се големи и незаборавни. Дали разбира Мила Царовска низ која голгота поминуваат овие дечиња. Ниту една оставка на директор или некој пониско во хиерархијата на МТСП нема да ја спаси Цароска од одговорност. Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат директна одговорност директно од Царовска“, рече Јована Мирческа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари