logo
logo
logo

(Видео) Милошоски:Коруптивното профитерство на Заев и Филипче за набавката на вакцини е кривично дело

Vecer | 11.03.2021

(Видео) Милошоски:Коруптивното профитерство на Заев и Филипче за набавката на вакцини е кривично дело


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски заедно со пратениците Иван Јорданов и Тимчо Муцунски беа во посета на повеќе стопански и здравствени објекти во Штип, информираат од опозициската партија.

Пратениците истакнаа дека стопанската состојба во градот е загрижувачка посебно како што потенцираа, поради дополнителниот број на 5.500 нови невработени лица.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=8nUelkAK5sI[/embed]

Тие се осврнаа и на состојбата со Клиничкиот центар во овој град и кажаа дека власта не била способна да ја продолжи изградбата на Клиничкиот центар.

„Сегашната неспособна Влада која што имаше можност да ја продолжи изградбата на овој Клинички центар и со тоа да ги подобри здравствените услови не само за Штип туку и цела Источна Македонија. Гледаме дека до ден денес ништо не направи, освен тоа што во Собранието поднесоа предлог на закон од 9 члена со кои што на еден според мене сомнителен начин веројатно со претходно земено аванс сакаат да градат некаков замислен клинички центар од 500.000 милиони евра. Но сметаме дека нивната неспособност и корумпираност се докажа во овој период“, рече Милошоски.

Според него главната порака од Штип до македонските граѓани е дека јавното обвинителство треба да се позанимава со случајот во министерството за здравство и набавката на вакцини преку како што рече фантом фирма.

„Која била регистрирана во само во еден даночен рај и докажува дека министерот за здравство и премиерот Заев трчале повеќе по провизии отколку што им биле важни вакцините и веројатно затоа е вратен авансот од кинеска страна и обвинителството би требало да истражи во оваа коруптивна афера на која сметка се уплатени парите од авансот, кој бил износот од парите од авансот и од која сметка се повлечени, односно дали оваа фантом фирма со само тројца вработени е фирмата преку која што Владата имала намера да остварува провизии на сметка на здравјето на граѓаните“, кажа Милошоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk