logo
logo
logo

(Видео) Мицкоски на трибина по повод една година од првиот заразен: Се наоѓаме во апокалиптична ситуација

Vecer | 25.02.2021

(Видео) Мицкоски на трибина по повод една година од првиот заразен: Се наоѓаме во апокалиптична ситуација


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со докторите кои се во првите редови во борбата против Ковид-19, а посочи дека трибина била свикана поради неубав јубилеј, односно година дена од првиот дијафностициран случај на Ковид-19 во земјава.

„Тогаш во тоа време не убедуваа дека опозицијата ширела лажни вести, дека опозицијата била таа која што не знаела што зборува, дека власта ги имала конците во свои раце и дека практично имале стратегија, имале план, имале визија како да спречат понатамошно ширење на вирусот. Не убедуваа дека ќе имаме не повеќе од 2.000 луѓе кои што ќе заболат од овој вирус, за жал денеска имаме повеќе од 100.000 евидентирани, можете да замислите колкава е бројката на тие кои што не се евидентирани“, посочи Мицкоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=srCWBg--o98[/embed]

Тој додаде и дека повеќе од 3.000 граѓани ги загубиле животите поради, како што кажа, неспособноста на Зоран Заев и владата на СДСМ.

„За жал, од она што можеме да забележиме е дека и после една година ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту пак имаат стратегија туку напротив служиме за потсмев. Луѓето буквално играат мајтап со Македонија, единствената држава во Европа, би рекол на Балканот сигурно, која што се уште нема набавено сопствени вакцини, кои што граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат ќе ги имаат на располагање. Еве денеска еден од присутните, претседателот на комисијата, прочита еден фејсбук статус на еден негов колега кој што буквално моли да добие вакцина од министерот, човекот има 65 години. Така што се наоѓаме во една апокалиптична ситуација за здравјето на граѓаните, за здравјето на нацијата и јас навистина единствено нешто што можам во овој момент да побарам е голема општествена широка поддршка да се совладаат овие неспособни луѓе кои што денеска се наоѓаат во Владата, а потоа да дојдат луѓе кои што знаат како навистина да ги решат напластените проблеми“, посочи лидерот на опозициската партија.

На 26 февруари 2020 година во земјава беше потврден првиот случај на коронавирус, кај жена која одредено време престојувала во Италија. Таа подоцна успешно се опорави од Ковид-19.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk