(Видео) Марковски: Одговорност да се бара во МВР, СЈО и Судот

МВР, СЈО и Судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија, оценува безбедносниот аналитичар за воено -политички прашања , Благоја Марковски. Според него очигледно е дека Груевски сам не можел да го организира целиот план за бегство, туку му помогнале луѓе од внатре, но и надвор од државата. Груевски имал помош од негови подджрувачи и соработници, платеници, но и странска помош од државите каде тој барал засолниште, се сомнева Марковски.

-Со оглед на сериозноста на пресудата и она за што е обвинет, полицијата морала да води сметка за секое движење, ним не им е должност само да лечат последици, туку и во превентивна смисла имаат обврски. Вториот сегмент е СЈО, без оглед што имаа барање за притвор во 2016-та, не ги одслободува од одговорност дека можеле и после тоа да бараат притвор, особено по изрекувањето на правосилноста на пресудата. И трето, судиите, можеле да проценат врз основа на изречената казна како и другите судски процеси, дека може тој да почне да рзмислува за ова што го направи, вели Марковски.

Голем дел од вината Марковски ја лоцира кај безбедносните структури, кои според него постапиле аматерски и непрофеисонално, бидејќи тие требало да имаат информации за сите негови средби и планови, врз основа на движењето на Груевски во изминатиот период.

– Доколку се постапувало професионално ќе се откриело и превентивно ќе се пресретнело бегството. Очигледно се постапувало аматерски, неодговорно. Не сакам да верувам дека е тоа наменски направено, ама ако е така ќе има сериозни поселдици за државата, додава Марковски.

Детален извештај за пропусти, неажурност и непочитување на законите од страна на МВР и кривичниот суд, денеска објавија и петнаесетина невладини организации кои тврдат дека дека лицата задолжени за обезбедувањето на Груевски не смееле да го остават лицето необезбедено, а Судот требало порано да издаде наредба за приведување.

Од Обвинителството , пак, соопштија дека отвориле истрага по допрен глас, поради „основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластувањето, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари