logo
logo
logo

(ВИДЕО) Лефков: Оставки на Спасовски и Бочварски и вонредна контрола на сите автобуси и технички прегледи

Vecer | 26.11.2021

(ВИДЕО) Лефков: Оставки на Спасовски и Бочварски и вонредна контрола на сите автобуси и технички прегледи

Сосема свесно цели три дена, додека траеа прогласените денови на жалост, не излегувавме со оценки во јавноста, со цел истите да не бидат сфатени како внесување на политика во целиот овој процес. Ние ќе продолжиме така и да се однесуваме, но воедно нема да премолчиме за очигледните пропусти, недоречености и барањето на одговорност за страшната несреќа, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој најпрво изрази сочувство за трагичната несреќа. Вистината е дека трагичната несреќа меѓу другото е последица и на немањето на функционален систем за превенција на вакви несреќи, корумпираноста на истиот и злоупотребите кои се прават со знаење на челните луѓе на одговорните министерства.
-Доколку не се извлечат поуки од една страшна несреќа, како што беше на пример несреќата во Ласкарци, каде 16 луѓе ги загубија животот, се случува уште една друга несреќа како што е горењето на модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 други наши сограѓани. Немањето на функционален систем не доведе до уште една трагична несреќа во Бугарија со 45 нови жртви. Доста се губат животи поради неспособноста и корумпираноста на власта. Овие три дена сме сведоци на префрлањето на одговорност од МВР на Инспекторатот за транспорт воден од Руфат Хусеини кој доаѓа од Зајас, па тој Инспекторат до Царината, за да на крај одговорноста спадне на некаков службеник од царината што значи дека и овој пат одговорност нема да има. Автобусот не бил регистриран во регистарот за возила за превоз што отвора сомнеж за минувањето на граница, истакнува Лефков.
Посочува дека секоја несреќа или криминал во државава, Владата дозволува да заврши со одговорност на некој службеник. Затоа денес предлагаме владата и институциите да превземат вонредни мерки. Чекањето нема да ги реши проблемите, ниту префрлањето на одговорност на институциите. Затоа предлагаме. 1. Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен траспорт на патници на трошок на државата. Да се провери во какви услови се превезуваат луѓето. 2. Вонредна контрола на станиците за технички преглед, во поглед на условите и начинот на работа. 3. Истрага за тоа како поминал автобусот на граница без да е впишан во регистарот на автобуси. Неприфатливо е префрлањето на одговорност царина—полиција-инспекторат. 4. Јавно објавување на регистарот на автобуси и негов најнов апдејт. 5. Во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно да имаат најмалку 3, а автобусите постари од 12 години да имаат 4. И на крај, преседаните пишуваа правила во нашата држава. Каде е моралната одговорност на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Зошто овие луѓе барем не понудија оставка поради морални причини. Очигледно не е само Филипче е со образ ѓон, туку цела влада е таква. Најмалку нешто што може да го направат е оставки на Спасовски и Бочварски од морални причини, објави Лефков. https://www.youtube.com/watch?v=IZPsQbR4jog

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk