logo
logo
logo

(Видео) Кузеска: На виделина е спрегата на Мицкоски со тајкунот Камчев

Vecer | 15.03.2021

(Видео) Кузеска: На виделина е спрегата на Мицкоски со тајкунот Камчев


Навраќајќи се на вчерашните случувања со апсењето на бизнисменот Орце Камчев, од владејачкиот СДСМ наоѓаат поврзаност меѓу, како што велат, Христијан Мицкоски и Орце Камчев.

„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети, а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок до Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев. Истиот Менкиновски беше главен преговарач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за Јавното обвинителство“, реагираат од СДСМ.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=aaZ7wq9z5_M[/embed]

Тие потсетуваат на времето, кога како партија, предупредувале за, како што велат, обидот на Мицкоски да направи сè за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот.

„ВМРО-ДПМНЕ не си ги бара 1,3 милион евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија очигледно поважен ѝ е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Она што е важно е дека докажаниот губитник Христијан Мицкоски не успеа да го спречи носењето на Законот за Јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови“, велат од СДСМ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk