logo
logo
logo

(Видео) Кусакатска: Над 10% од учениците нема да можат да следат онлајн настава бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници

Vecer | 21.04.2021

(Видео) Кусакатска: Над 10% од учениците нема да можат да следат онлајн настава бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници

Над 10% од учениците нема да имаат можност да следат онлајн настава и да продолжат со образованието, бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници, обвини Весна Кусакатска, член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=04b_tCr-4D0[/embed]

„Мила Царовска, министер за образование и наука, најави дека ќе ги укинува печатените учебници, а учениците на располагање ќе имале електронски учебници. Царовска влегува во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет. Со самото тоа, министер за образование сама ги лишува од образование 10 проценти од децата, создава нееднаквост и едноставно им го укинува законски задолжителното образование. Имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и сега ги исклучува од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици“, вели таа.

Според неа, 1.300 ученици немаат струја во своите домови, стотици ученици наводно следат настава, ама на телевизија и учат од печатени материјали, од учебници.

„И ним министерката од следната година им ги зема учебниците од раце. Тие ќе бидат дискриминирани. Ја потсетуваме Царовска, дека година и половина не успеа за нив, за тие за неа „само 10%“ ученици да обезбеди електронски уреди и интернет, па и струја“, рече Кусакатска.

Како и секогаш, додаде таа, Царовска вината и обврските ги префрла на други, така и сега вели училиштата ќе обезбеделе и таблет библиотеки, или ќе печателе, принтале учебници.

„А, училиштата се под општините, општините се во долгови и немаат средства. Владата постојано ги сервисира, но тие пак се во долгови. Што ако сите ученици во училиштето побараат печатени учебници по сите предмети. Ќе им ги забраните? Препорачуваме Царовска да помине во Студена Бара, Дедебалци, Враништа и бројни други места и да ги посети училиштата. Така ќе добие вистинска слика, и ќе и стане јасно што треба да стори“, вели Кусакатска.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk