logo
logo
logo

(Видео) Костадиновска-Стојчевска: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочат реформите во образованието

Vecer | 26.05.2021

(Видео) Костадиновска-Стојчевска: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочат реформите во образованието


Осврнувајќи се на новиот предлог Закон за учебници, пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека предложениот закон  е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ технологијата, во која младите живеат.

Таа смета дека со законот  ќе се воведе етапна дигитализација на наставниот процес, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а како што рече, ќе се воведе и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=FqqdtqZ1rw4[/embed]

Според Костадиновска-Стојчевска, реформата на образовниот процес е одговор на долгогодишните барања на наставниците и на многу генерации на ученици, за подобро и поквалитетно образование, за подобра иднина.

„Кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, во интерес на учениците, наставниците, во интерес на иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од обидите за блокада на реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес“, вели таа.

За пратеничката од СДСМ денешните партиски протести на ВМРО-ДПМНЕ се уште еден, како што рече во низата обиди да им се наштети на наставниците и учениците, да му се наштети на образовниот процес.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk