logo
logo
logo

(Видео) Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да ги вратат платите што ги земаат, срамно кочат закони и не одат на работа

Vecer | 23.03.2021

(Видео) Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да ги вратат платите што ги земаат, срамно кочат закони и не одат на работа

Целата опозиција овде во Собранието прави сè за да се блокираат сите процеси важни за граѓаните и иднината на државата. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица се на спротивната страна од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„За опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=5Pv_-m1LkF4[/embed]

Срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој пратеник да не се појавува на седници во Собранието и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата. Срамно е тој и неговата пратеничка група заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат работата на Собранието додека илјадници граѓани погодени од кризата чекаат соодветна помош од државата“, рече Костадинов.

Тој додаде дека пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата.

„Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа“, порача Костадинов и истакна дека покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите.

Судејќи по претходните лажни вести, следејќи ја логиката на ВМРО-ДПМНЕ, значи ли ова дека оваа партија и Алијанса сакаат во нашата држава да се населат мигранти, да се градат бегалски кампови? Ваквиот неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа тие повторно ќе бидат казнети“, рече Костадинов.

Тој нагласи дека како парламентарно мнозинство ќе ги искористат сите деловнички и законски можности, сите законски решенија во интерес на граѓаните да бидат донесени, реформите во интерес на државата да продолжат.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk