logo
logo
logo

(Видео) Костадинов: Мицкоски нема чувство за националните интереси

Vecer | 08.06.2021

(Видео) Костадинов: Мицкоски нема чувство за националните интереси


Сè што прави ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Сè кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се сведува единствено на еден збор: блокада! Додека Владата, институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите, за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси. Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни“, вели Костадинов.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=47l61LyXA6g[/embed]

Според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ правеа и, како што рече, сè уште прават обиди да се спречи нормално функционирање на државата.

„Надвор од ова Собрание, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент. Ова е тотално немање сенс за националните интереси. Ова е саботирање на напорите да добиеме меѓувладина конференција во исклучително чувствителен период на меѓународни напори за премостување на блокадата во ЕУ. Секој одговорен политичар знае дека во вака чувствителни моменти на државата ѝ се помага, а не ѝ се одмага. Но тоа очигледно не важи за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои продолжуваат со лаги и измислици да се обидуваат да го саботираат процесот на евроинтеграција“, додаде Костадинов.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk