logo
logo
logo

(Видео) Костадинов: Лага е дека Србија изградила Клинички центар како нашиот за далеку помала сума

Vecer | 02.06.2021

(Видео) Костадинов: Лага е дека Србија изградила Клинички центар како нашиот за далеку помала сума


Тврдењата дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага и обид за манипулација на јавноста, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена поодамна, која сега е затворена и опремена. Клиничкиот центар во Скопје е цел комплекс со придружни објекти и претставува цел медицински град“, порача партискиот портпарол додавајќи дека не држи тоа алиби на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, сето ова што им го прават на граѓаните и државата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=rS0Amowu8Dg[/embed]

Костадинов ова го нарече срамен обид да се спречи најголемата капиталната инвестиција во македонското здравство.

„Додека СДСМ и парламентарното мнозинство прават се за да го унапредат квалитетот на живот, Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат, блокираат, ги кочат важните законски решенија. Но, граѓаните треба да знаат дека и со и без ВМРО-ДПМНЕ, државата ќе добие нов модерен Клинички центар кој ќе им пружи интегрирани здравствени услуги на сите“, истакна портпаролот на владејачката партија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk