(Видео) Координативно тело ќе ја следи состојбата со вакцинацијата на децата

Министерството за здравство е во фаза на формирање Национално координативно тело за вакцинација, кое ќе има задача да го разработи целокупниот процес на имунизацијата, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека како министерство ќе интервенираат на секое ниво кај што ќе забележат дека има проблем во процесот на вакцинација.

„Ние во министерството за здравство напорно работиме да ја смениме сликата во нашата земја во однос на вакцинацијата. Да активираме кампањи, да ја подигнеме свеста и на населението и на здравствените работници за бенефитите од вакцинацијата, понатаму да воведеме нови вакцини и да го осовремениме календарот за вакцинација, да ги замениме старите со нови вакцини“ изјави Филипче.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари