logo
logo
logo

(Видео) Колева: Пописот ќе се спроведе со целосна заштита на сите учесници

Vecer | 26.03.2021

(Видео) Колева: Пописот ќе се спроведе со целосна заштита на сите учесници


Пратеничкта на СДСМ Даниела Колева истакна дека граѓаните треба да бидат спокојни кога е во прашање спроведувањето на пописот, бидејќи, според неа, истиот ќе се одвива со целосно почитување на здравствените протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.

„Здравјето на сите, како на граѓаните, така и на попишувачите ќе биде целосно заштитено, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект“, рече Колева.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=6iTqdWsEpug[/embed]

Според неа, преку добиените податоци од пописот, ќе се создаде јасна слика за образовната, демографската и социјалната структура, ќе се добијат јасни информации за потребите на општините и планските региони.

„Граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и повиците за бојкот на оваа важна статистичка операција. Бојкотот на пописот е кривично дело, постапка која не носи ништо добро за никого, чин што предизвикува штета на државните и национални интереси. Оние кои повикуваат на бојкот не и мислат добро на државата и работат спротивно на интересите на граѓаните“, рече Колева.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk