logo
logo
logo

(Видео) Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од ковид во приватните болници

Vecer | 15.04.2021

(Видео) Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од ковид во приватните болници


Пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ на прес конференција потсети дека Владата предводена од СДСМ ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.

Преку овие измени како што објасни Коциќ, трошоците за дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти ќе се се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KUGVDeRGqyM[/embed]

Според пратеникот од СДСМ, овие чекори се преземаат за да се овозможи здравствените услуги во приватните болници да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.

Покрај ова, додаде тој, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање на здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

„Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби. Измените на Законот за здравствена заштита во Собранието наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието. Како парламентарно мнозинство, ги повикуваме сите пратеници да ги поддржат овие измени со кои цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски поиздржливи за сите граѓани“, рече Коциќ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk