logo
logo
logo

(Видео) Каевски: Наместо да блокираат важни закони, ВМРО-ДПМНЕ да работат за граѓаните

Vecer | 10.03.2021

(Видео) Каевски: Наместо да блокираат важни закони, ВМРО-ДПМНЕ да работат за граѓаните


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ кочи битни закони во Собранието, истакна Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го кочат законското решение со кое државата по цели 80 години ќе добие нов Клинички центар. Го кочат Законот за легализација на бесправно изградени објекти, каде се дава можност граѓаните, особено оние посиромашните да ги легализираат своите објекти. Опозицијата во Собрание го кочи и законското решение со кое ќе се обезбедат средства за реализација на еколошки превоз во Град Скопје“, рече Каевски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HLbrmsYPEJ8[/embed]

Тој посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против изградба на три откупни центри за земјоделски производи во Скопје, Ресен и Струмица.

Според него ВМРО-ДПМНЕ блокира и закони за реализација на мерките од петтиот пакет.

„Сето ова е доказ за неодговорноста, за неразумноста и деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието. И како тоа да не е доволно, денеска видовме дека ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот. Крајно време е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да работат за граѓаните“, кажа Каевски.

Пратеникот од владеачаката партија напомена дека СДСМ и парламентарното мнозинство и без опозицијата ќе бара начини сите предвидени мерки и политики да бидат реализирани.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk