(Видео) Хан сака да го заврши мандатот барем со јасна индикација за отворање на првото поглавје со Македонија

Еврокомесарот Јоханес Хан по завршувањето на дводневниот скрининг за Поглавје 23 во Берлејмонт, рече дека тој е многу важен затоа што ја поставува патеката на движење на двете земји, и на Македонија и на Албанија, за идните неколку месеци.

Хан на завршната прес-конференција истакна дека е свесен за комплексноста на овој амбициозен процес поради многубројните подготовки кои треба да се направат до отворањето на преговорите, кој обично трае година и пол, а ние имаме само една година.

Еврокомесарот потенцираше дека самиот процес е од интерес на граѓаните и ги унапредува нивните услови за живеење – владеењето на правото, стабилизација на економијата и привлекување на инвеститори кои ќе отворат нови работни места, и на кој начин „одливот на мозоци“ ќе се замени со циркулација на работната сила.

Хан упати барање до двете делегации како и до претставниците на Европската комисија за унапредување на комуникацијата со граѓаните. Според него, за граѓаните не е интересно колку поглавја се отворени, и дека треба да се најде јазик за да се допреме до граѓаните. Тој посочи дека овој проблем кој е забележителен и земјите кои се во понапредна фаза од процесот, е што луѓето гледаат на ЕУ како на некој кој постојано бара реформи и укажа на потребата од објаснување пред луѓето на позитивните резултати и влијанието кое самиот процес го има врз нивните живот, а не само влијанието кое ќе го има крајната цел, пристапувањето.

На заедничката прес-конференција со вицепремиерот Бујар Османи, еврокомесарот Хан потенцираше дека сака да го заврши својот мандат барем со јасна индикација за отворање на првото поглавје со Македонија во текот на идната недела, и увери дека ќе ги вложи сите напори за исполнување на оваа цел.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари