logo
logo
logo

(ВИДЕО) Ѓоргиев: Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени

Vecer | 15.08.2022

(ВИДЕО) Ѓоргиев: Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени

Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени, изјави денеска Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата за заеднички чествувања на одредени историски личности. Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите, рече Ѓоргиев. Владата може, но не е обврзана да ги прифати овие препораки од Мешовитата комисија. Исто така, Комисијата одлучила дека цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од обете земји, додава Ѓоргиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk