logo
logo
logo

(Видео) Ѓорчев: Во многу градови нема вакцинални пунктови, веднаш да се отворат

Vecer | 19.05.2021

(Видео) Ѓорчев: Во многу градови нема вакцинални пунктови, веднаш да се отворат


Оваа неспособна власт требаше веќе да има отворено вакцинални пунктови во многу општини, за да им биде тоа подостапно на граѓаните, рече на прес-конференција претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Во Прилеп со 414 мртви, се уште нема вакцинален пункт. Струмица со 200 мртви исто така нема вакцинален пункт. Иста е и ситуацијата и во Гевгелија, Крива Паланка, Валандово, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и во многу други места“, нагласи Ѓорчев.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KXMbuuvZ198[/embed]

Како што рече тој, во балканските земји во секој град и во секоја општина, некаде дури и во речиси секое село се отвора вакцинален пункт.

„За жал Македонија крахира со процесот на вакцинација, а граѓаните и народот тоа го плаќаат со изгубени животи. Ова е катастрофа на Зоран Заев и Венко Филипче, а цената ја плаќа народот“, обвини членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk