(Видео) Филипче: Вакцините се најдобрата инвестиција во здравјето

Долго време Македонија беше еден од лидерите по процентот на вакцинација, за жал сега веќе не е така. Мораме напорно да работиме тоа да го вратиме и повторно да го зголемиме опфатот со вакцинацијата, порача министерот за здравтсво Венко Филипче по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација, што се одржа денеска во Градски парк.

Тој нагласи дека вакцините се сигурни и дека тие за време на својот производствен процес подлегнуваат на огромен број контроли.

„Многу голем број на стручни здруженија го контролираат процесот и ја гарантираат безбедноста на вакцините. Антивакциналните кампањи се темелат на псеудонаука, на трудови кои се докажа дека не се вистинити. Ние имаме морална обврска према нас и према нашите деца“ истакна Филипче..

Во поглед на ризиците од невакцинирање, Филипче рече дека постои голем ризик многу болести кои со годинини наназад беа искоренети, да се вратат назад и да ги донесат патници од земјите каде тие се се уште присутни. На тој начин, како што објасни министерот, ќе се заразат нашите деца кои не се вакцинирани, а тие да ги заразат децата кои се се уште мали за да бидат вакцинирани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари