logo
logo
logo

(ВИДЕО) Еве каква е ситуацијата на граничните премини за влез во Србија: Километарски колони за бесплатна вакцина

Vecer | 27.03.2021

(ВИДЕО) Еве каква е ситуацијата на граничните премини за влез во Србија: Километарски колони за бесплатна вакцина

Колони возила денеска чекаа за влез во Србија на повеќето гранични премини за вакцинација против ковид-19 што се организира викендов на Белградскиот саем за странски државјани. Најголема гужва имало на премините од Босна и Херцеговина, како и на премините Хоргош и Шид.

Вакцинација за странци викендов освен во Белград има и во Ниш и во Нови Сад.

Стопанската комора на Србија во соработка со српската влада обезбеди 10.000 вакцини за стопанствениците од регионот. Така, викендов во Србија ќе примат вакцина стопанственици од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, како и од Косово.

Во халата 3 на Белградскиот саем граѓаните можат да се вакцинираат без најава со вакцината на „АстраЗенека“. За влез во Србија сѐ уште не се бара негативен ПЦР тест, а процесот на вакцинација вклучително и административната процедура трае.

Видеото погледнете го тука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk