logo
logo
logo

(Видео) Богдановски: Градоначалникот на Сопиште свесно го кочи проектот за водоснабдување

Vecer | 13.04.2021

(Видео) Богдановски: Градоначалникот на Сопиште свесно го кочи проектот за водоснабдување


Според Далибор Богдановски од СДСМ, на само неколку километри од Скопје, жителитe на општина Сопиште немаат вода за пиење.

За ваквата состојба според Богдановски виновна е локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефче Трпковски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=7alt194WGrc[/embed]

„Граѓаните од оваа општина, поради неспособноста на градоначалникот се препуштени сами на себе во 21 век да решаваат елементарни проблеми со купување на техничка вода од цистерни за хигиена и вода за пиење. Притоа, за да се донесе таа техничка вода во домовите, неопходни се хидрофори, кои престануваат да работат при прекин на електрична енергија. Притоа никој не знае дали водата е бактериолошки исправна. Поради ова жителите се изложени и на чести бактериски заболувања“, вели Богдановски.

Додаде дека Стефче Трпковски останал глув и слеп за потребите на своите сограѓани.

„Поради неговиот игнорантски однос, Владата предводена од СДСМ, со средства од државниот буџет, ќе продолжи со изградба на водоводот Патишка река, кој претставува трајно решавање на водоснабдувањето во општина Сопиште. Одговорно тврдам дека Владата има обезбедено финансиски средства за реализација на овој проект од круцијална важност за жителите на општина Сопиште“, потенцира тој.

Напомена дека за решавање на случајот недостига еден документ кој градоначалникот бил должен да го приложи до Владата, но тој тоа не го сторил.

„Го прашуваме градоначалникот на Општина Сопиште, зошто чека и до кога мисли да ги замајува своите сограѓани со лаги и дезинформации?“, запраша Богдановски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk