logo
logo
logo

(Видео) Арсовски: Каде завршиле 100 тони шверцуван тутун?

Vecer | 24.03.2021

(Видео) Арсовски: Каде завршиле 100 тони шверцуван тутун?


Од ден во ден расте срамот врз грбот на Јавното обвинителство и Антикорупциската Комисија. Овие две институции кои што се плаќани од народни пари, се срам, најголем срам за правосудните органи и за системот на целата држава, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=766t-gOeHx0[/embed]

„ Ќе помине веќе и еден месец како молчат и не преземаат ништо во врска со скандалозниот шверц на 100 тони тутун во време кога Љупчо Николовски бил министер за земјоделие и тоа ни помалку ни повеќе шверц на граничниот премин на Деве Баир. Замислете, имаме евидентен шверц кој што го потврди и Царинската управа на 100 тони тутун и никој не знае, но и не сака да се огласи воопшто во јавноста да каже каде завршил тој тутун, што го увезол близок човек на Љупчо Николовски.

Затоа, ќе прашаме директно.

Каде завршил, односно каде е продаден 100 тони тутун што е увезен во 2019-та година од близок пријател на Љупчо Николовски кога министер бил за земјоделие Љупчо Николовски?“ порача Арсовски.

То ј праша дали некој од институциите ќе истражи по службена должност каде завршил тутунот.

„ Дали можеби тутунот завршил кај нелегални производители на цигари кои што се добро познати на структурите во МВР или пак на некои други добро познати места кои што се занимаваат со нелегално произведување на цигари и продажба на тутун? Овие прашања се суштински, кои заслужуваат одговор, но заслужуваат и да некој да сноси одговорност. Сепак, се работи за блиски лица до министерот за земјоделие во тоа време Љупчо Николовски, кои што го увезле тутунот, а никој не знае каде завршила целата пратка. Каде е продаден, по која цена и на кого?“ праша Арсовски.

Според него, се останато е класично премолчување, прикривање на класичен случај на шверц и нелегален внес на 100 тони тутун во Република Македонија преку граничен премин Деве Баир.

„ Криминалот има адреса и има име, адресата е во Влада, а името е СДСМ. Без исклучоци Јавното обвинителство и Антикорупциска и понатака како и до сега слободно можат да молчат, да спијат, да бидат соучесници во криминалот и да бидат најголем срам за државата, но мора да имаат на ум дека секогаш соучесниците во криминалот сносуваат одговорност“ заклучи тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk