logo
logo
logo

(Видео) Арсовски: Филипче и Заев ќе се рекламираат за успешна вакцинација со 300.000 евра народни пари

Vecer | 10.05.2021

(Видео) Арсовски: Филипче и Заев ќе се рекламираат за успешна вакцинација со 300.000 евра народни пари


Владата на СДСМ не прекинува со сомнителни тендери и воопшто не губи време. Иако повеќе Драги Рашковски како искусен тендераш, не е Генерален секретар во Владата, сепак Генералниот секретаријат работи со полна пареа, истакна на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Владата на СДСМ последниот работен ден од април, пред празниците, на 29 април, објави тендер за маркетинг услуги, за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од Ковид-19“, рече Арсовски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2zM7QzYh7VI[/embed]

„Вредноста на овој тендер е 15,635,580 денари или 255,000 евра без ДДВ. Со ДДВ околу 300.000 евра, 300.000 евра за маркетинг услуги и промоција на неуспешните министер и премиер Венко Филипче и Зоран Заев. Триста илјади евра народни пари, Владата ќе ги даде на некоја нивна блиска маркетинг агенција да им осмисли и реализира кампања за успешна вакцинација и заштита на населението од Ковид-19“, изјави портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Немаат вакцини, луѓе умираат секој ден, народ собира пари ама затоа Филипче и Заев решиле да прават кампања од 300.000 евра за успешна вакцинација на терет на граѓаните кои што немаат леб да јадат. Замислете, тендерот ќе заврши на 31 мај, а за да се реализира сето ова ќе требаат најмалку уште 2 месеци, а Владата од сега проценува дека треба да се прави камапња за успешна вакцинација“, посочува Арсовски.

Според него, за да се прави кампања за успешна вакцинација, Владата треба да има набавено вакцини, вакцинацијата да оди без никаков проблем и над 70% од населението да е вакцинирано. Кај нас, вели Арсовски, сеуште не се вакцинирани хронично болните и ризичните категории на граѓани, нема вакцини односно вакцини добиваме само од донации.

„Очигледно, што впрочем и сериозно се сомневаме дека овој тендер за оваа кампања од 300.000 евра е направен со цел да се испумпаат народни пари, да се финансира кампањата за локални избори на СДСМ преку парите на граѓаните и однапред веќе се зборува низ кулоарите кои агенции треба да го добијат. Зошто го велам ова, ќе дознаете наредните денови“, додава Арсовски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk