logo
logo
logo

(Видео) Арсовски: 280.000 евра за кампања за спречување корупција, нов скандалозен тендер

Vecer | 11.05.2021

(Видео) Арсовски: 280.000 евра за кампања за спречување корупција, нов скандалозен тендер


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска регираше на владините постапки околу кампањата за спречување на корупција.

„Денес ќе објавиме нов тендер кој го пушти Владата на Заев, тоа е набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за спречување корупција. Љупчо Николовски откако почна да брои чаши вода на министрите, сега веќе ќе прави заедно со Заев кампања во вредност од 14.436.865 денари или 240.000 евра без ддв, односно над 280.000 евра со ДДВ. Замислете тендер за маркетинг услуги за кампања за спречување на корупција во вредност од над 280.000 евра. Па самиот тендер е сомнеж за сериозна корупција“, истакна Арсовски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=8324p7JLYJk[/embed]

„Предвиделе ставка од Владата во овој тендер во вредност од 1.407.200 денари без ДДВ, подготовка и реализација на медија план, закуп на медиумски простор на сите канали освен приватните радиодифузери на територијата на Македонија. Каков грабеж луѓе“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него Владата не смее да се рекламира во медиумите.

„Тоа е прво и основно и е нивна владина одлука од 2017 година . Потоа, закуп на медиумски простор на сите канали – кои канали? На каналите под македонската радио телевизија владата секако се огласува и емитува бесплатно доколку е кампања од јавен интерес како што ги водат и овие двете камапњи кои што тежат над 600.000 евра. Ова не е ништо повеќе, од класичен грабеж на државните и народните пари и плаќање кампања на СДСМ за локалните избори од државни пари. Вчера споменав, денес повторно ќе споменам, веќе се зборува кои агенции блиски до СДСМ ќе ги земат овие тендери. Практично истите тие ќе им работат и во кампања“, потенцира Арсовски.

Апелира Владата да прекине со овие тендери за кои како што вели се грабеж на македонскиот народ и македонската држава.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk