(Видео) Андоновска: МТСП не излезе со конкретни податоци за девојчето од „25 Мај“

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се згрозени од неодговорноста и индолентноста на надлежните институции за скандалот со сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај”, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту Министерството за труд и социјална политика, ниту надлежните институции не излегуваат со конкретни податоци како и зошто е дозволено ваква трагедија да му се случи на девојче за чија грижа државата ја презела одговорноста. Уште помалку слушнавме и видовме конкретна одговорност за овој случај кој што ја потресе јавноста. Затоа ја прашуваме Министерката Царовска дали и какви мерки превзема против лицата кои затаија со својата грижа? Дали Министерката чувствува подеднаква одговорност со вработените кои биле алармирани за злоупотреба , а ништо не превземале? Дали Царовска е свесна дека овој случај и којзнае уште колку вакви случаи требало да се прикријат, да не се случело девојчето да забремени?“, прашува Андоновска.

Недозволиво е, додаде таа, во надлежното министерство да се кријат зад Комисии, некакви анализи или пост фестум истраги. Се работи за физичкото и психичкото здравје на малолетници за кои државата, органите и пред се носителите на функции се директно надлежни и одговорни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари