(Видео) Амди Бајрам: Со Мицкоски не сме ист ранг на политичари

Пратеникот Амбди Бајрам, кој е познат по неговите голови со пета и по тоа што секогаш е во коалиција со онаа партија која е на власт, вели дека не се сеќава на заканите кон Зоран Заев. Тој во емисија на новата 1ТВ, објаснува дека е нормално во кампања да се зборуваат секакви нешта.

„Кој е паметен знае што е политика. Политика е меч со две оштрици. Но по кампњата, политиката си е политика, а политичарот е политичар“ вели Бајрам.

Нагласи дека не се сеќава дека додека протесирал пред ДИК, најавувал свеќи и гробишта за Зоран Заев. На прашањето дали им дал гол на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека не е точно, не им дал гол.

„Јас морам отворен да бидам према цела јавност и не треба многу прашина да дигаат затоа што зад добар коњ добра прашина се дига. Јас сум политичар толку години и треба сите да сфатат, цела македонска јавност и пошироко, не треба да дигаат многу прашина околу мене затоа што јас сум политичар и знам како треба да се делува и да се работи, прав политичар, кога треба и како треба да настапам, тоа знам, а во интерес на моите Роми јас сум спремен увек во секое доба, морам да видам кој е на власт, јас да бидам со вас, вели Бајрам.

Бајрам рече дека Заев е досега најдобар премиер, зошто му одговорил на три пратенички прашања пред целата јавност.

Тој исто така нагласи дека досега им бил лојален на сите влади, но дека сега не сака да соработува со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски зошто тој не бил политичар од негов ранг.

Бајрам порача дека сите партии можеле да учат од него како политичар со најдолг стаж.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари