Вибер контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте ги вратите“

Од Вибер групата каде членуваат дел од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која, како што можеше претходно да се види, се организираат граѓаните да дојдат во Собранието, лицето потпишано како „колешка Чаир“ во мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски, во 18:14 часот на 27 април 2017 година пишува: „Дај боже да влеземе, да ги затепаме ихаааа“. Од 13 и 30 чекаме хахахахахахах…“

Во 18:49 часот истиот контакт во групата пишува: „Влезе народот. Влеговмееее, ајде пратеници“.

Во 18:53 часот лицето „колешка Чаир“ вели: „Отворете ги предните вратииии“.

Една минута подоцна истиот контакт во групата пишува: „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте дечки вратите“.

Во 19 и 15 контактот потпишан како „колешка Чаир“ во групата каде што членуваат пратениците вели: „Пуштајте клима, изгинаа луѓево“.

Рочиштето за крвавиот четврток продолжува со читање на СМС и Вибер комуникациите од телефонот на Крсто Мукоски со разговорот помеѓу пратеникот и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, каде пратеникот се распрашува за снимките од безбедносните камери од Собранието.

Виктор Јованов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари