logo
logo
logo

„ВЕТУВАЊАТА НА БОГДАНОВИЌ СТАБИЛНИ КО ДРВЈА“ - Протест на центарци против сечата на Орце Николов

Vecer | 13.06.2021

„ВЕТУВАЊАТА НА БОГДАНОВИЌ СТАБИЛНИ КО ДРВЈА“ - Протест на центарци против сечата на Орце Николов

Повеќе граѓани, жители на Дебар Маало во Скопје, денеска на пладне со транспаренти во рацете, испишани на картон, се собраа на раскопаната улица, на местото каде што до завчера стоеја дрвјата, сега веќе исечени да протестираат против ненајавената сеча на дрвја на улицата „Орце Николов“, која се реконструира веќе неколку месеци.

Дрвјата беа исечени под оправдание дека биле стари, без кора и претставувале опасност за минувачите и автомобилите. Но, од фотографиите при сечењето можеше да се види само едно труло стебло, додека другите паднаа здрави.

Организаторите бараат да се сопре извршувањето на решението издадено од град Скопје со кое се овозможило сечењето на дрвата на улицата со цел да се спасат преостанатите дрвја.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk